Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе го има официјалниот собир пред утрешниот старт на мини подготовките за претстојните септемвриски натпревари во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.

Македонските фудбалери во сабота на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречекаат актуелниот европски првак Италија, а на 12 овој месец ќе гостуваат во Малта.

Последниот дуел на македонските фудбалери со Италија се одигра во март лани кога „црвено – жолтите‘ приредија големо изненадување и го совладаа европскиот првак во Палермо (1-0) во полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски, сепак, не го започнаа евроквалификацискиот циклус како што посакуваа и по три натпревари се претпоследни во групата Ц со една победа и два порази.

OhridNews