Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити и претседателот на Бугарската академија на науките, академик Јулијан Ревалски, на средбата што се одржа денеска во Охрид, потпишаа договор – Платформа за соработка, информира МАНУ.
Платформа за соработка на академиите, која подетално ќе биде образложена утре, всушност треба да понуди помош при реализација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
OhridNews












