Претставници на полициите на Македонија и на германската сојузна покраина Бранденбург во Охрид денеска ја одржаа десетата билатерална средба на која се разговараше за безбедносните предизвици со акцент на борбата против тероризмот, заштитата од пожари и катастрофи, безбедноста на аеродромите, нелегалната трговија  и организираниот криминал.

Министерката за внатрешни работи на Република Македонија, Гордана Јанкуловска, истакна дека соработката со брандербуршката полиција е исклучително добра, од што до сега произлегоа два твининг проекти за зајакнување на капацитетите на  македонското МВР. Потпишани се и повеќе акти и договори за соработка, како и заедничка Декларација за соработка, продолжување и интензивирање на раазмената на искуства на полето на заштита од пожари и катастрофи меѓу Центарот за управување сокризи на РМ и МВР на Бранденбург.

– Наша задача е да ги преземеме сите можни форми на превенција за воспоставување брза и квалиетна соработка, меѓусебна доверба, со цел поефикасна заштита, изјави Јанкуловска.

Според министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Рајнер Шпер, Македонија бележи напредок во евроинтеграциите и значајно придонесува за стабилноста на Балканот и на Европската унија, додавајќи дека  македонските искуства во справувањето со предизвиците, ќе бидат од полза за работењето на полицијата на Бранденбург.

OhridNews