Македонските туристички потенцијали, природните и културните богаства беа успешно промовирани на туристичкиот саем, кој се одржа во Киев, од 23 до 25 март 2010 година. Ова претставување го организираше  Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Република Македонија, во соработка со македонската амбасада во Украина.

На саемот, кој се одржа во „Украинскиот дом“, учествувале околу  200 туристички агенции од голем број различни земји. Во рамки на саемската програма, покрај промотивниот штанд, била одржана и класична семинарска презентација  на богата туристичка понуда на нашата земја, со посебен осврт на културниот туризам. За оваа презентација голем интерес покажале голем број новинари и странски туроператори.

Во рамки на престојот во Киев, македонската делегација ги претставила  македонските туристички потенцијали и на Факултетот за туризам при Киевскиот славистички универзитет. Во рамки на претставувањето, Проректорот на универзитетот, Андриј Григорович Вертигел, укажал на можна идна соработка на киевскиот Факултет за туризам, со Факултетот за туризам од Охрид.

OhridNews