Ракометната репрезентација на Македонија во ждрепката за групите на СП во Шпанија ќе биде сместена во вториот шешир. “Црвено жолтите“ во вториот барабан заедно се со уште  Хрватска, Словенија и Германија.


Со освојувањето на петтото место на ЕП во Србија и пласманот на СП, Македонија напредуваше на рејтинг листата и се најде во вториот шешир кој ќе донесе послаби противнците во групната фаза. Излекувањето на групите е на 19 јули во Мадрид.

1. Барабан  Франција, Данска, Шпанија, Србија
2. Барабан  Македонија, Хрватска, Словенија, Германија
3. Барабан Унгарија, Полска, Исланд, Панамерика 1
4. Барабан Кореја, Тунис, Алжир, Катар
5. Барабан Црна Гора, Русија, Белорусија, Египет
6. Барабан Панамерика 2, Панамерика 3, Саудиска Арабија, Австралија

Мх.П.