Автомобилот, марка „Голф“ со тетовски регистарски таблички, границата ја минал преку преминот Ќафасан, кај Струга, а се движел во правец на Драч.
Според албанската полиција, тешката сообраќајна несреќа се случила кај месноста „Кривината на Пишкашит“ . Очевидци изјавиле дека автомобилот го изгубил правецот на движење, удрил и го пробил заштитниот браник на патот, се превртел неколкупати и паднал во Линганц, притока на реката Шкумбин.
На припомош први пристигнале лица кои во тој момент патувале по тој патен правец, кои и ја информирале собраќајната полиција. Таа заедно со амбулантно возило веднаш стигнала на местото на несреќата. Повредените биле транспортирани во болницата во Прењас.