Во Струга, денес, ќе се одржи 13- то издание на манифестацијата „Македонски духовни конаци“. Централниот настан ќе се случи во Храмот „Свети Ѓорѓија“ со почеток во 11 часот.

Во рамките на програмата е предвидено да се претстави духовниот пев на Олга Несторовска од Струга, како и поетско-музички настапи и изложба на ликовната уметница Благица Стојковска од Скопје.

Ќе биде промовиран и новиот двоброј на „Портал“, гласникот на „Македонски духовни конаци“, насловен „Тука е Македонија“, а посветен на македонските народни песни што ја воспеваат Македонија.

OhridNews