70 отсто од понудената храна во рестораните ќе треба да бидат традиционални јадења. Домашните вина треба да бидат застапени со 80 проценти, додека меаните ќе се уредуваат во традиционален македонски стил. Со измените, келнерите ќе носат униформи со традиционални мотиви, додека музиката ќе биде изворна со акустичен звук.
Во рок од 30 дена, министерот за економија е должен да го изготви правилникот, со детали околу условите и изгледот на ознаката национален ресторан – меана.