Кандидатите за пратеници од „Македонски Независни Листи”, започнаа со собирање потписи за учество на престојните парламентарни избори.

  • Македонските независни листи се Македонскиот народ. Вашиот потпис би значел поддршка за светла суверена Македонија, земја на економска благосостојба, земја на среќни луѓе, велат од Македонски независни листи.

Носител на листата во изборна единица бр.5 е Горан Тасковски, Aмбасадор на Република Македонија во Турција од 2011 до 2015 година, а втора на листата е охриѓанката Наташа Спасеска Цветкоска.

Потпис за поддршка може да се даде секој ден од 09 до 19 часот, најдоцна  до петок 6-ти Март, во подрачното одделение на државната изборна комисија во зградата на општина Охрид.

OhridNews