
Ова се вели во писмената изјава на Ристо Лазаров, претседател на Македонскиот Пен центар, упатена денеска до медиумите, пренесува „Макфакс“.
„Македонскиот ПЕН најостро ја осудува пресудата и уште еднаш енергично протестира против грубиот и бескруполозен атак врз слободата на изразувањето, загарантирано во безброј меѓународни документи, како и во Уставот на Република Македонија“,се вели во изјавата.
Тој додаде дека македонскиот ПЕН се придружува кон јавните протеси по повод пресудата на новинарот Кежаровски и за својот став по повод исходот од судскиот процесќе го извести Меѓународниот ПЕН и неговите органи.
„Со загриженост ќе го следиме натамошниот развој на настаните и истрајно ќе ја продолжиме борбата против сите обиди за загрозување на слободата на изразувањето, како и против секаков вид ограничување на медиумската слобода во Република Македонија“, порачуваат од македонскиот ПЕН.
OhridNews
извор:„Макфакс“











