Македонски пратеници се потпишуваат на петицијата на Кочо Динај за создавање на Голема Албанија, јавува Дневник.

Директорот на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“ Кочо Динај за весникот вели дека ќе бидеме изненадени од бројот на собранието потписи.

До 28-ми ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија – во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912.“ – вели тој за весникот.

Инаку, Динај пред еден месец ја започна акцијата за собирње на потписи за формирање на Голема Албанија во која треба да влезат и територии од денешна Македонија.

OhridNews

извор: „Дневник“