Информацијата која се прошири дека во среда ќе се спроведе акцијата Денот на дрвото-засади ја својата иднина од јавното претпријатие „Македонски шуми“  ја оценуваат како шпекулација.

Акцијата во среда нема да се одржи што значи и дека не станува збор за неработен ден кога граѓаните ќе садат садници. Точниот датум на спроведувањето на акцијата ќе го утврди владата, по што од наша страна ќе бидат утврдени точните локации на кои низ земјава ќе се засадуваат садници, информираат за OhridNews од ЈП „Македонски шуми.  

Додаваат дека во рамки на акцијата во Охрид освен палми,ќе се засадуваат и други видови садници.

Првите од предвидените 100 палми, кои се дел од проектот „Засади ја својата иднина“, беа засадени на почетокот на овој месец покрај кејот на езерото.

OhridNews