„Македонски (на поранешната југословенска Република Македонија) е формулацијата што од синоќа е впишана во регистарот на Обединетите Нации во графата за именување на јазикот што се говори во Македонија, пренесува „Макфакс“.
           
Слична формулација е употребена и на останатите јазици што се употребуваат во регистарот.
           
Поимот „македонски“ беше избришан од повеќејазичната терминолошка база на Обединетите Нации, што се совпадна со изоставувањето на истиот поим од годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.


            
Министерството за надворешни работи реагираше до Кабинетот на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун и до Секретаријатот на светската организација со барање за враќање на терминот „македонски“ за именување на јазикот на државата.

ОhridNews
извор: „Макфакс“