Од Македонски Телеком најавуваат намалување на цената до 20 отсто за корисниците на 3 Max пакетите, кои ќе добијат и неограничен MaxADSL интернет и неограничени бесплатни разговори.

„Следејќи ја својата стратешка определба за развој на гигабитно општество и подигнување на степенот на употребата на интернетот во државата, Македонски Телеком ја намали  цената и истовремено го зголеми интернет сообраќајот на CALL & Surf пакетите. Па така, најдобриот и најбрзиот интернет од Македонски Телеком  достапен е веќе по цена од 799 денари со вклучен ДДВ“, стои во соопштението на компанијата.

Новите цени ќе важат од почетокот на наредниот месец, од кога Македонски Телеком воведува и нов 2  Max Basic пакет којшто вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, по цена од  799 денари месечно.

Месечната претплата од 499 денари за фиксна телефонија вклучува неограничени бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком.

Во рамките на новитетите, Македонски Телеком го збогати и 3 Max Comfort пакетот, кој сега ќе содржи и мобилен интернет со сообраќај од 2 GB, бесплатен HBO пакет, како и неограничени бесплатни разговори од фиксната мрежа кон 50 држави.

OhridNews
извор: Makfaks