Македонскиот банкарски систем е еден од поздравите во Европа, банките се прилично стабилни и не се изложени на ризиците на коишто се изложени некои банки во Европа, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

-Банките се под одличен надзор од Централната банка и ги исполнуваат стандардите, што гарантираат дека во Македонија не може да се прелее каква било криза која што ќе се одрази на банкарскиот сектор, рече премиерот Груевски.

Тој додаде дека депозитите на граѓаните се уште се во раст, што говори дека банкните сеуште уживаат доверба.

-Пред неколку години воведовме и Закон со којшто се гарантираат заштедите на граѓаните до 30.000 евра, што е дополнителна гаранција за секој граѓанин. Кој сака да штеди во секоја поединечна банка има гаранција за заштеда до 30.000 евра, така што можам да кажам дека во една прилично релаксирана состојба ја дочекуваме оваа криза во однос на банкарскиот сектор, вели Груевски.

Тој оцени дека од кризата единствено е можно да биде погоден реалниот сектор односно да дојде до намалување на извозот на производството и бруто домашниот производ.

Премиерот напомена многу позитивно е тоа што Македонија има ниско ниво на задолженост, односно од најниските нивоа на задолженост во Европа, со само 26 проценти од БДП. Тековниот буџетски дефицит е во нормална граница од 2,5 проценти.

OhridNews