Бруто домашниот производ во 2011 година забележа раст од три отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал лани растот бил 5,3 проценти, во вториот 5,1, во третиот кваратал 2,3, а во четвртиот 0,2 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2011 е забележан пораст во повеќето сектори, а најголем пораст во секторите Хотели и Ресторани од 11,3 отсто и Градежништво од 10,4 отсто.

Извозот на стоки и на услуги забележа номинален пораст од 13,9 проценти, а увозот на стоки и на услуги порасна за 7,7 отсто во однос на истиот период од 2010 година. Финалната потрошувачка во структурата на БДП учествува со 90,7 отсто.

OhridNews