На втората вечер на летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ вечерва ќе биде прикажан македонскиот филм „Ефектот на среќа“.

Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
Проекцијата на филмот закажана во 21 часот ќе биде во Касарна Охрид, а влезот ќе биде отворен од 20:00 часот. По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување.
Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.
OhridNews










