Премиерно, на кино репертоарот во Центарот за култура, денес И утре, ќе се прикажува филмот  „Патот до кенгурите”. Станува збор за македонски долгометражен филм, музичка комедија, кој прикажува дел од животната приказна на битолската музичка група „Молика“.

Во изработката на филмот учествувале групата „Молика“ и драмското студио „Солза и Смеа“ со продукциската куќа “Деимкаст“. Сниман во Битола, хотелот Бисер во Струга, во Сараево на Башчаршија, на регионални патишта, граничниот премин Меџитлија , аеродромот Александар Велики и селото Клепач.

Почеток на проекциите е  20.00 часот, цена на билетот 100 денари.
Карти во продажба на билетарата секој ден по 15.00 часот.

OhridNews