Македонскиот јазик е речиси изумрен меѓу помладите генерации, а постарите генерации кои говорат на македонски со своите семејства, избегнуваат да го користат јазикот во јавност, изјавила Евгенија Нацулиду, активистка за правата на Македонците во Грција и тамошен претставник на Обединетата македонска дијаспора.
На семинарот на Мрежата за промовирање на јазична разновидност во Даблин, Нацулиду предупредила дека Грција ја забранува употреба на македонскиот јазик во официјални цели.
„Македонскиот јазик никогаш не се употребува во формален говор, во продавница, или во државните институции, па дури и кога говорникот знае дека лицето на кое му се обраќа, исто така говори македонски”, изавила Нацулиду и порачала дека ОМД ќе бара од грчката влада да стори повеќе за зачувувањето на македонскиот јазик, а како почетен чекор да донесе закон за заштита на регионални јазици и јазиците на малцинствата.
OhridNews
извор: Макфакс