За време на одржување на Охридскиот пливачки маратон, доајенот на македонското пливање Дики Бојаџи на македонскиот карате кид, Пеце Наумовски му го врачи златниот Оскар.


Наумовски овој оскар го доби откако триумфираше на Европското првенство во карате во Бирминген.

Признание му беше доделено и од Кочо Паскали од охридскиот клуб за споротови на вода “Охридски Бранови“ за афирмација на Македонија и македонскиот спорт во светот.


Пеце Наумовски, чии родители се од охридскиот крај е неколкукратен шампион на Австралија во карате, а учествуваше и на неколку меѓународни натпревари.


 

OhridNews