Културниот туризам, езерскиот туризам и природните реткости се промовираа преку брендираниот штанд – “Macedonia Timeless“, а биле поделени и 20.000 флаери, брошури и друг пропаганден материјал. Се промовираше и македонскиот фолклор, а воедно посетителите можеа да дегустираат и традиционалната македонска храна и вино.
Во своето обраќање на саемот и низ неколку телевизиски интервјуа, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, Зоран Стрезовски, ги повика граѓаните на Србија оваа година Македонија да биде нивна туристичка дестинација, а македонските туристички работници оствариле и повеќе средби со српски туроператоти кои позитивно ја оццениле одлуката на македонската влада за субвенционирање на странскиот туристички промет, што според нив позитивно ќе влијае на интересот за македонскиот туризам. Во презентацијата на макседонскиот туризам придонес имаше Националниот совет на македонците во Србија.
Промоцијата на македонскиот туризам во Белград ја организираше Агенцијата за промоција со подршка на општините Струга, Охрид, Вевчани, Старо Нагоричане и туристичките асоцијации од Македонија.