Македонската кошаркарска федерација  и „Витаминка“ потпишаа договор за генерално спонзорство и оваа година, со што ја продолжуваат традицијата од три години.

Предраг Самарџиски, центарот на репрезентацијата, смета дека откако „Витаминка“ станала генерален спонзор на репрезентацијата, работите почнале да се менуваат на подобро.

„Се сеќавам колку беше тешко да се организираат припреми, да се оди на добро место, да се набават потребните реквизити, во времето кога никој не не спонзорираше. Се тоа се измени пред три години, со „Витаминка“, која повлече и други спонзори“, рече Самарџиски, во понеделник на прес конференција.

„Тимот што победува не се менува. Тоа го докажа македонската кошаркарска репрезентација и „Витаминка“ со денешното продолжување на договорот за соработка за генерално спонзорство. „Витаминка“ како општествено одговорна компанија веќе неколку години и по ред е генерален спонзор на кошаркарите. Веруваме дека само со инвестиции во спортот можни се добри резултати. Покажавме заеднички дека вербата во успех и кога тој најмалку се очекува е најважна од се“, рече Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“.

За Македонската кошаркарска федерација потпишувањето на вакви договори со македонските компании се само доказ дека успехот зависи од инвестициите кои не се возможни без поддршка од македонскиот бизнис.

„Големо задоволство е да се има покрај себе компанија како „Витаминка“. Тие не се само нашиот најголем, златен спонзор, туку во сите овие изминати години „Витаминка“ покажа дека е искрен и верен пријател на македонската кошарка. Токму со почетокот на нашето партнерство започнаа да се нижат најдобрите резултати во кошаркарската историја на Македонија и верувам дека и во иднина заедно со Витаминка ќе прославуваме уште многу успеси и радости”, изјави претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација, Даниел Димевски.

За македонскиот кошаркарски репрезентативец Предраг Самарџиски продолжувањето на овој договор е искажување на верност и доверба во можностите на тимот.

„Довербата во нашата селекција што ја покажуваат нашите пријатели од компанијата, е мотив повеќе за сите нас, да дадеме се од себе на олимписките квалификации во Венецуела и да ја оправдаме таа доверба со пласман на Олимписките Игри во Лондон”, изјави Самарџиски.

Во име на стручниот штаб, благодарност до компанијата изрази и селекторот Марјан Лазовски.

„Благодарение на нашиот најголем спонзор, успеавме и оваа година да го исполниме предвидениот план за подготовките на репрезентацијата. Во мое и во име на целиот стручен штаб, сакам уште еднаш да и се заблагодарам на „Витаминка, за сите овие години во кои препознава квалитет во овие млади момци, кои верувам дека уште еднаш, од Венецуела, ќе ја кренат Македонија на нозе, изјави Лазовски.

Во знак на благодарност Самарџиски му подари на комерцијалниот директор на „Витаминка“ баскет, потпишан од сите кошаркари во репрезентацијата.

“макфакс“
Ohridnews