Во  хотелот Силекс , деновиве, се одржа семинар на тема “Управување со промените“ на кој  учествуваа    над триесетина лидери  -менаџери на  македонски национални   јавни и  приватни компании  , како и десетина  претставници на   синдикални организации, меѓу кои и   синдикални лидери  на СОНК од  охридскиот регион . Семинарот кој беше во организација на Бизнис-конфедерацијата  и Конфедерацијата на слободни синдикати , имаше за цел  да презентира како најлесно  може да се случат  потребните промени во една компанија или установа, а  сето тоа да биде прифатено од вработените.


За оваа цел , организаторите- претседателите на Конфедерацијата на слободни синдикати и на Бизнис  конфедерацијата, обезбедија присуство на  двајца германски експ ерти  по оваа тематика “Управување со промените”  -Себастијан Фројнд и Винфрид Швејн, кои  презентирааа повќе  методи и инструменти за управување со промените во една компанија .

Од страна на Винфрид Фројнд беше потенцирано дека Управувањето с о промените  го иницираат и спроведуваат  т.н. Движечки сили во една компанија кои имаат за цел да ги објаснат своите визии за промените и ефектите од промените и  во тоа да ги убедат сите вработени, особено  т.н . Сили на отпорот кои  во почетокот се “смртни непријатели “на промените. Движечките сили  мора да знаат   не само ШТО  , туку и КАКО да  го спроведат замисленото; како да ги  вклучат  сите вработени во процесот на промените – за секој од вработените да се почувствува  способен, но и корисен за фирмата и за нејзината  посакувана перспектива. Мотивацијата  на вработените како  појдовна основа може и мора  да биде движечка сила  на промените .


 Една од презентациите на семинарот  беше  и тоа како и со кои инструменти  може поефикасно и полесно да се дојде до промените. 

-Управувањето со промените  зависи од визионерството на директорите, на лидерите и на менаџерите.Во овие рамки , според германските  истражувања во “Мерцедес”  и други компазнии, само 16 %  од  директорите   се визионери , а  дури  84 %  се само чувари на спроведувањето на целите .И затоа е потребно да се биде вистински лидер и менаџер  – визионер – подготвен за промените  и да се преземат одговорностите за  целите од управувањето со промените  .Ако лидерот на компанијата  не работи на промените и ако не ги поддржува  позитивните движечки сили  на промените, тогаш  нема да имаме успешни промени.  – истакна германскиот експерт Винфред Швејн.

Последниот излагач на семинарот беше советникот за  развој на кариера, проф. Жаклина Гештакоска  – Алексиева,која истакна дека  мора да се победи стравот  при преземањето на  обврските и  одлуките за промени.Оттука , рече таа, треба  раководството на  компанијата да ги вклучи сите вработени во донесувањето на одлуката за промени   за секој од  нив да  се вложи во промените , да се грижи за својот влог и да  очекува  подобри денови и за себе и за заедницата.

Учесниците на семинарот успешно реализираа  две работилници   при што со своите искуства и визии за  промените,дадоа  придонес во  одличната реализација на семинарот, чии позитивни искуства   ќе бидат од  особена  корист за раководењето и менаџирањето со промените во  македонските   компании и установи, чии претставници   ќе знаат како да ги имплементираат  стекнатите знаења .

OhridNews
Дим Дон