Во организација на здружението “Хумано срце за сите”, а со подршка на Локалната самоуправа и НУ “Охридско лето”, утревечер, на сцената на Долни Сарај, со почеток во 22 часот и 30 минути, ќе се одржи хуманитарен концерт во рамки на годинешниот хуманитарен караван на здружението. На концертот ќе настапат Силви и Влатко Плевнеш, кои се заштитно лице на здружението, како и голем број нивни пријатели, познати имиња од македонската музичка сцена.


Здружението “Хумано срце за сите” од Скопје, работи на остварување на правата на осигурениците од областа на здравственото, социјалното и пензиско- инвалидско осигурување, во чии рамки издвојува особено внимание на афирмирањето и решавање на проблемот на една група осигуреници кои не можат да го стварат своето право на лекување преку Фондот за здравствено осигурување, а кое поради специфичноста на заболувањето, треба да се изврши во странство.Пред се тука се опфатени деца на возраст до 15 години, болни од ретки и специфични болести. Овие болести не се во Програмата за ретки и специфични болести која македонската Влада ја објавува секоја година, но не ја ажурира со години.   

Од страна на здружението “Хумано срце за сите”, отворени се и годишни линии за донација, на кои со едно јавување кај соодветниот оператор се донира 100 денари за децата заболени од ретки и специфични болести- ОНЕ 075/ 143- 900 и  ВИП 077/ 143- 401.

OhridNews