Машката ракометна репрезентација во ново руво ќе блесне на 24-то Светско првенство кое ќе се одржи во Катар следната година.
На новите дресови очекувано доминираат боите црвена и жолта, а има уште еден дрес кој е бел и ќе биде трет избор.
Почетокот на Мундијалот е закажан за 15 јануар, а дресовите Македонија ќе ги „сефтоса“ на контролните натпревари пред почетокот на Светското првенство.
Мх.П.