Македонската експедиција за престојниот пријателски натпревар со Србија на 6 февруари првиот собир ке го има на 4 февруари во Скопје. Поголемиот дел од македонските репрезентативци се “растрчани“ по светот во желба да направат трансфери пред стартот на вториот дел од шампионатите.

Досега своите трансфери ги комплетираа Гоце Толески во Славија, Иван Тричковски во Ц. Звезда, Младен Чадикоски во Партизан, Влатко Грозданоски во Војводина, додека барем за сега најдобро мина Роберт Попов кој премина во францускиот Оксер.


Во потрга по нови средини – репрезентативците на Македонија

Неколкумина репрезентативци деновиве се во потрага по нови клубови. Голманот Томе Пачовски од Работнички К. посакува да им се придружи на колегите од репрезентацијата со обезбедување интернационален статус во овој преоден рок.

Стандардниот Величе Шумуликоски деновиве е на Островот, каде што очекува да направи трансфер. Според тамошните медиуми, Блекбурн е подготвен да го откупи неговиот договор со турскиот Бурсаспор.

Предвремена разделба со полскиот Гроклин сака и Владе Лазаревски, кој по тестовите и лекарските прегледи во Англија, сега се врти кон Исток, од каде што како нови дестинации се споменуваат украинскиот Динамо Киев и рускиот Рубин Казањ.

Новопечениот репрезентативец Славчо Георгиевски од редовите на бугарскиот прволигаш Славија од Софија веќе отпатувал во Кина, каде што треба да направи преселба. Таквите главоболки ги реши Артим Положани, кој од германскиот Кобленц е отстапен во албанскиот Динамо од Тирана.

го осигура својот статус во Рускиот Томск – Горан Мазнов

Македонија на 6 февруари на Градски (17 ч.), против Србија, ќе го има првиот тест-натпревар во подготовките за новиот квалификациски циклус од СП 2010. Се уште сме во потрага на спаринг-партнери за 26 март, како и за термините непосредно пред почетокот на ЕП 2008.

Во квалификацискиот циклус за СП 2010, на 6 и 10 септември, Македонија ќе игра со Шкотска и Холандија во Скопје, а до крајот на годинава „црвено-жолтите“ ќе одиграат и трет официјален меч, на 15 октомври како гости, кај Исланд. Во 9. квалификациска група ќе игра и селекција на Норвешка.

ohridnews