Со само една уловена риба Македонската риболовна репрезентација се пласираше на последното место на 12-то  светско крапско првенство кое викендов се одржа во Англија на три езера во близина на селото Hardwick на околу 140 километри оддалеченост од Лондон.

Натпреварите се одржаа на езерата Brasenose One , Brasenose Two, Pool & Hardwick Lake.

Македонските репрезентативци во 72 часа риболов уловија само една риба и тоа во тежина од 2.8 килограми што беше доволно само за последното место.

Трета година по ред триумфира репрезентација на Јужна Африка која имаше уловено 45 риби со вкупна тежина од околу 264 кг.

На светското првенство зедоа учествуво 19 репрезентации и тоа: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Англија, Франција, Грција, Италија, Казакстан, Латвија, Литванија, Македонија, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словенија , Јужна Африка , Шпанија и Украина.

OhridNews