Природните убавини, културното наследство и богатата традиција на Македонија ќе бидат претставени на саемот за туризам „Travel Turkey“ кој од 4-ти до 7-ми декември 2014 година ќе се одржува во Измир, Турција. Ова саемско претставување ќе биде последно за оваа година, како дел промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”.

Пред околу една недела Македонија беше претставена на престижниот саем за туризам „World Trаvel Market“ кој се одржуваше во Лондон. Во текот на месец октомври македонската туристичка понуда беше претставена на  саемите во Римини, Италија и Познан, Полска. Во текот на септември македонски штанд имаше и на туристичкиот саем „Jata Turisam Expo“ кој се одржуваше во Токио, Јапонија.

Во текот на првата половина од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше македонските туристички можности на саемите во Утрех, Виена, Истамбул, Брисел, Милано, Софија, Балеград, Берлин, Букурешт, Москва и Гетебург.