Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „EMITT“ кој од 22-ри до 25-ти јануари 2015 година ќе се одржува во Истанбул, Турција.

Оваа престижна саемска манифестација која се организира по 19-ти пат е една од најпосетуваните во регионот. Во 2014 година на овој саем биле презентирани 4.500 учесници од околу 70 земји, кои привлекле над 73 илјади посетители.

Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува од 5-ти до 9-ти февруари во Брисел, Белгија, а ќе се претстави и на саемот на туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од 12-ти до 14-ти февруари.

Двомесечниот распоред на саемски претставувања  ќе завршат со саемот „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 19-ти до 22-ри февруари.

Инаку пред околу една недела македонските туристички богатства беа претставени на саемот за туризам „Vakantiebeurs“ во Утрехт, Холандија.

OhridNews