Македонските туристички богаства ќе бидат дел од саемот за туризам „Travel Turkey“ кој од 4-ти до 7-ми декември 2014 година ќе се одржува во Измир, Турција. Освен природните убавини, во рамки на македонскито штанд ќе бидат презентирани културното наследство и традиција на нашата земја.

Ова саемско претставување ќе биде последно за оваа година, како дел промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”.

На почетокот на ноември Македонија беше претставена на престижниот саем за туризам „World Trаvel Market“ кој се одржуваше во Лондон. Во текот на месец октомври македонската туристичка понуда беше претставена на  саемите во Римини, Италија и Познан, Полска. Во текот на септември македонски штанд имаше и на туристичкиот саем „Jata Turisam Expo“ кој се одржуваше во Токио, Јапонија.

Во текот на првата половина од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше македонските туристички можности на саемите во Утрех, Виена, Истамбул, Брисел, Милано, Софија, Балеград, Берлин, Букурешт, Москва и Гетебург.

OhridNews