Културното и природното богатство, традиционално подготвената храна и убавото вино ќе бидат главните адути, со кои Македонија ќе се претстави на саемот за туризам „Vakantiebeurs“ кој од 14-ти до 18-ти јануари 2015 година ќе се одржува во Утрехт, Холандија.

Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, веднаш по ова саемскo претставувања следува туристичкиот саем „МАТКА“, кој ќе се одржува од 15-ти до 18-ти јануари во Хелсинки,Финска.

Од 22-ри до 25-ти јануари, македонските туристички богатства ќе бидат промовирани пред посетителите на саемот за туризам „EMITT“ во Истамбул, Турција. По него ќе следува саемот „FITUR“, кој ќе се одржува во Мадрид, Шпанија од 28-ми јануари до 01-ви февруари 2015 година.

Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „Brussels holiday fair“ кој ќе се одржува од 5-ти до 9-ти февруари во Брисел, Белгија, а ќе се претстави и на саемот на туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од 12-ти до 14-ти февруари. Двомесечниот распоред на саемски претставувања  ќе завршат со саемот „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 19-ти до 22-ри февруари.

Со цел да бидат дел од овие саемски претставувања, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во текот на месец октомври 2014 година објави повик за коучество на промотивните штандови за правни лица, здруженија, организации, државни и образовни институции кои работат во областа на туризмот.

OhridNews