Македонските туристички богатства ќе бидат претставени на саемот за туризам „World Travel Market“ кој од денеска до 5-ти ноември се одржува во Лондон, Велика Британија.
Оваа престижна саемска манифестација која се одржува по 36-ти пaт е еден од најголемите туристички настани во Британија на која годинава се очекува да бидат презентирани повеќе од 150 туристички дестинации и региони. Македонија за прв пат се претстави на овој саем во текот на минатата година.
Инаку во текот на оваа година, Македонија ги презентираше своите туристички можности на саемите во Утрех, Истанбул, Брисел, Софија, Белград, Берлин, Москва, Гетебург, Келн,Токио, Римини и Париз.
OhridNews













