Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на Саемот за туризам „Holiday i spa“ кој од утре до 13-ти февруари 2016 година ќе се одржува во во Софија, Бугарија.
Оваа престижна саемска манифестација која се одржува по 33 пат е еден од најголемите туристички настани во Бугарија. Организатор на саемот е „Прим Експо“ и истиот се одржува под покровителство на Министерството за туризам на Република Бугарија, во соработка со општина Софија, BTCH, BHRA, Бата, BUBSPA и ABTTA.
Според известувањата кои ги има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, туристичките богатства на Македонија ќе бидат претставени и пред посетителите на саемот за туризам во Белград, Србија кој ќе се одржува од 18-ти до 21-ви февруари 2016 година.
Инаку во текот на изминатиот период Македонија имаше свое претставување на саемите за туризам во Утрехт, Истанбул, Љубљана и Брисел.
OhridNews













