Македонските интернационалци во Серија А, Горан Пандев и Александар Трајковски ќе се судрат уште во првата рунда откако ждребката на мегдан ги однесе Џенова и Палермо.
Домаќин на првата македонска пресметка во Серија А ќе биде Трајковски, а мечот со кој ќе се означи почетокот во „калчо лигата“ ќе се одигра на 23 август.
Дерби средба во Серија А има уште во првата рунда меѓу Фиорентина – Милан додека одбраната на титулата Јувентус ќе ја почне пред своите гледачи против Удинезе.
Во втората рунда Рома ќе ги одмери силите со Јувентус, а во третата на програмата е градското дерби помеѓу Милан и Интер.
Ohridnews