Се поголем број вљубени парови одлучуваат судбоносното „да“  да го кажат во Охрид, кој за многумина е едно од најромантичните места за организирање венчавки.

Викендов, околу 130 гости од Македонија и Германија присуствуваа на венчавката на Бојан Мојсов од Скопје и германката Ивон  кои својата љубов ја овековечија на бродот Александрија, на зајдисонце сред езеро.


Забавата започна на бродот, а продолжи до раните утрински часови на плажата Љубаништа, каде Бојан и неговите родители ,со години  доаѓале да летуваат.


Токму на плажата Љубаништа, пред пет години, и родителите на Бојан ја прославија својата венчавка заедно со уште четири парови, кои претходно заедно беа венчани во црквата Света Богородица Захумска, кај охриѓани позната како Свети Заум. 

Т. Кувенџиска
фото: Митко Лукан