Македонската ракометна женска репрезентација направи голем чекор кон пласман на европскиот самит во Холандија.

“Црвено-жолтите“ славеа како гости совладувајќи ја Литванија 32-24 (14-14) и во последниот меч против Труција доволно е реми за да се обезбеди пласман на собирот.

Најефикасна во македонските редови беше Елена Ѓорѓиевска со осум гола, додека кај Литванките, нерешлива енигма беше левиот бек Лаима Бернатавичиуте со 12 гола.

Ohridnews