Анемично, без идеа, со голем број грешки , едноставно пред пропадна созона на само 10 минути пред крајот на мечот со Хипо се наооѓаше Кометал Ѓорче Петров .Во фуриозниот финиш,спортската среќа им се насмевна на кометалки кои по грешката на гостинките во последните 10 секунди во контра преку Озел го совалдаа Хипо 23 : 22  , за спас на евро сезоната со пласман во КПК.

Под имепратив победа, кометалки го започнаа мечот против 8-кратниот евро – шампион Хипо, а  единственото нешто на што можеа да се потпрат беше традицијата која вели 5 од 5 победи на Кометал во Скопје против Хипо. Блага предноста за нашите беше растеретеноста на гостинките од исходот на натпреварот бидејки тие веќе ја исполнија целта ,пласман во нокаут фазата.

Почнавме солидно,но нашиот најголем проблем осилациите во играта им дозволија на гостинките да заминат на одмор со предност.Слично како и на мечот со ФТЦ играта во вториот дел не доведе до многу посакуваниот триумф. На стартот повторно одлично па вообичаен пад. Во последните 10 минути влеговме со негатива што создаде паника, брзоплетост која не ни одеше во прилог. Само благодарение на извонредната Колесник австријките не се одлепија,а и за воља не вистината не запнаа . Сето тоа и благодарние пак ќе кажам на спортскта среќа стигнавме до 22-22 и подарена контра која Озел успеа да ја резлизира и со 9 гол на натпреварот да ја извојуваме само 2-та победа во овогодинешната лига на шампионки .

Но тука не е крајот ,дали Кометал ќе игра во КПК зависи од денешниот натпревар помеѓу Шлагелсе – ФТЦ Будимпешта кој се игра во Данска. Се освен победа на Унгарките го води нашиот шампион во КПК .

Денес со натпреварот помеѓу Вардар –Босна во Кале продолжува ракометниот евро викенд,натпреварот се игра во 18,00 пренос на МТВ 1.

М. Постолоски