Македонската  женска ракометна репрезентација ги доби противниците во првиот круг на светското првенство што од 2 до 16 декември годинава ќе се одржи во Франција.

Според  ждребот одржан во Париз, Македонија ке игра во групата „Б“,против актуелниот светски шампион Русија, против Бразил кој на олимпјадата во Атина 2004 година заврши на 7 место и  Австралија.

Натпреварите во групата нашите девојки ќе ги одиграат во Сент Брие. За пласман во втората фаза и за уште четири средби , ќе треба да се освои барем второто место во групата, што значи да забележиме најмалку две победи.

Имајки ги во предвид нашите противници јасно е дека одлучувачки за текот на шампионатот ке биде натпреварот со Бразил .

За Македонија ова ке биде петти мундијал .Најдобриот пласман го остваривме на деби настапот во Германија освојувајки го 7 место ,кога Индира Кастратовиќ беше најдобар стрелец на првентвото со 71 постигнат гол. На последниот светски шампионат во рускиот Санкт Петербург во 2005, нашите ракометарки се пласираа на 15-та позиција.

М. Постоловски