Македонското дуо во Палермо, Александар Трајковски и Илија Несторовски заедно постигнаа три погодоци во убедливата победа (10-0) на италијанскиот состав над тимот на АСКО Митлерн.
Трајковски и Несторовски заедно во нападот го започнаа мечот, а на тренерот Балардини му возвратија со два односно еден погодок.
Првиот меч со аматерската екипа од Австрија наговести добра и плодна сезона за македонскиот тандем во Серија А кој се оформи со доаѓањето на Несторовски во Палермо од хрватскиот тим Интер Запрешиќ.
Покрај македонските репрезентативци за Палермо погодија Квасон, Лазар, Карлос Ембало, Бентивенга и Де Гумина кој два пати беше прецизен.
OhridNews