Фудбалската федерација на Македонија заедно со Министерството за внатрешни работи донесоа одлука за забрана на патување на гостински навивачи на 1/4 финалниот натпревар Пелистер – Вардар, кој се игра на 7 ноември под “Тумбе кафе“ во Битола.


Одлуката на ФФМ и МВР за забрана на гостински навивачи не е прва сезонава. На натпреварот од првата македонска фудбалска лига на градското дерби во Тетово, помеѓу Шкендија и Тетекс забрана за гостување добија навивачите на “штофарите“.

Мх.П.