Македонското фудбалско првенство се наоѓа на делба на 54-то место, на националните шампионати, според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).Првата македонска фудбалска лига со 326 бода го дели 54-то место заедно со националните првенства Литванија и Унгарија.

Пред домашното фудбалско првенство, се наоѓаат шампионатите на Сингапур и Тунис.Што се однесува на националните првенства, на земјите од поранешна Југославија, пред македонскиот шампионат се наоѓаат првенствата на Србија (40 место), Словенија (44 место) и Хрватска (51 место), додека зад домашниот шампионат се првенствата на Босна и Херцеговина (100 место) и Црна Гора (104 место).

Според ИФФХС, насилна лига на светот е шпанската Примера, а веднаш зад неа е англиската Премиер лига. Покрај овие две првенства, во Топ 10 се наоѓаат националните шампионати на Бразил, Португалија, Франција, Германија, Италија, Аргентина, Холандија и Чиле.

извор “Мак факс“
Ohridnews