Нов скандал и ново палење на државното знаме на Македонија на спортски натпревар на Косово. Имено на кошаркарскиот меч, во Пеќ, помеѓу Пеја и Приштина домашните навивачи кои себеси се нарекуваат „Шќипоњат“ го запалиле македонското знаме.
Како што пренесува „Gazetalajmi.com“, покрај палењето на знамето домашните навивачи имале истакнато навредливи транспаренти за Куманово и транспаренти со поддршка на „УЧК“.
Исто така, тие во текот на целиот меч ги навредувале Македонците од тимот на Приштина, репрезентастивниот центар Бојан Трајковски и тренерот Марјан Илиевски.
Сличен инцидент се случи неодамна кога кошаркарскиот клуб Куманово гостуваше на Косово во натпревар од БИБЛ лигата.
„Макфакс“