Група охриѓани кои студираат во полициската академија како и во другите Универзитети во Анкара го развеаа македонското знаме во главниот град на Турција.

Македонското знаме се вееше на мечот од одбојкарскиот шампионат меѓу Мили Пијанго и Галатасарај кој заврши со победа на гостите од 2-3 (19-25, 25-18, 25-21, 24-26, 8-15)

Причина поради која се вееше знамето се настапот на капитенот на македонската репрезентација Никола Никола Горѓиев и поранешниот македонски селектор Јошко Миленковски кои се дел од турскиот тим Мили Пијанго.

– Среќни сме што можеме да го видеме нашиот репрезентативец во живо, иаку сме во мал број за нас битно беше да покажеме дека каде и да
има македонци ќе ги бодреме и ќе го вееме македонското знаме на секаде
во светот – велат студентите.

М.П.