Двајца Македонци се осомничени дека биле дел од групата која местела фудбалски натпревари во Италија.

Електронското издание на весникот „Квотидиано“ јавува дека во акцијата
„Последното обложување“ приведени се 17 лица меѓу кои и Раде Трајковски
кој бил уапсен во Атина , а се бараат уште 11 лица, меѓу кои е и
Македонецот Христијан Илиевски.

Во акцијата уапсен е кипитенот на Аталанта, како и други фудбалери и
фудбалски судија осомничени дека местеле меѓуародни натпревари. Тие контактирале со обложувачката мафија од Сингапур од каде раководеле
 со местењето на натпреварите од годинешново натпреварување во Сериа А.

“Макфакс“
Ohridnews