Македонските тренери Жикица Тасевски и Тони Јакимоски ќе минат двонеделно усовршување во тренинг центарот на италијанскиот гигант Интер од Милано. Тренерите заминуваат како дел од заедничкиот проект на ФФМ и Агенцијата за Млади и Спорт  „Тренери без Граници”.

Како дел од овој проект предвидена е и соработка и усовршување на наши
тренери во ФК Херенвејн – Холандија. Првата посета на нашите тренери во
овој клуб ќе биде реализирана од Висар Ганиу и Љубодраг Милошевиќ.

Исто така вакви двонеделни усовршувања се предвидени и за месец април, јуни, септември и октомври каде ќе учествуваат нови тренерски имиња од Македонија.

АМС и ФФМ ќе настојуваат покрај тренерите кои се пријавија на јавниот конкурс да испратат и дополнително други, за да може што повеќе наши тренери да се здобијат со квалитетно усовршување и надополнување на искуството.

Ohridnews