Македонските граѓани ќе можат бесплатно да се лекуваат додека се на одмор во 15 странски земји. Ова се должи на договорите кои ги потпиша Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија со здравствените фондови на овие земји.

Според договорите, бесплатна здравствена услуга, на товар на домашното осигурување македонските осигуреници ќе може да добијат во Турција, Бугарија, Германија, Австрија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција и Италија.

Меѓутоа, за да ја добијат оваа здравствена услуга, македонските државјани ќе треба најпрвин пред заминување во странство да аплицираат во Фондот, за двојазичен образец за една од земјите и да поднесaт пријава за задолжително здравствено осигурување.

OhridNews