„Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација” истражувањето покрива 43 отсто од светската интернет популација, во него учествуваат 62 земји и 41.738 испитаника. Оваа година првпат и Македонија беше дел од ова најголемо и најобемно истражување на социјалните медиуми кое кај нас го реализираше Универзал Медиа Скопје.
„Вејв 6 – Бизнисот на социјалната комуникација“‘ го истражува влијанието на социјалните медиуми на денешниот глобален пазар, анализира како корисниците во 62 земји ги користат сајтовите како Фејсбук и Твитер за комуникација со брендовите, и што сакаат и што очекуваат од овие искуства.
Истражувањето покажало дека испитаниците од Македонија во голем дел ги делат истите навики и размислувања за социјалните мрежи со интернет корисниците во светот.
Македонските испитаници на интернет најмногу менаџираат профили на некоја социјална мрежа: дури 87 отсто одговориле дека тоа го имаат направено во последните шест месеци. Натаму, 84 отсто од македонските испитаници велат дека посетиле официјална интернет страница на некоја компанија, додека 74 отсто се приклучиле кон некоја онлајн заедница на одреден бренд.
И во Македонија, како и во остатокот од светот, корисниците се загрижени за количеството лични информации кое се пласира на социјалните мрежи: 54 отсто од испитаниците одговориле дека тој податок ги вознемирува. Но, сепак подготвени се да „жртвуваат“ дел од својата интима со цел да бидат во тек со случувањата: 30 отсто од испитаниците сметаат дека ќе пропуштат нешто доколку не го посетат својот профил на социјалните мрежи.
интернет медиумите стануваат моќна алатка и дека брендовите и компаниите треба да почнат да размислуваат како да ги користат овие платформи со цел да допрат до повеќе потрошувачи на поефективен начин.
извор:Макфакс