Според податоците на специјализираниот статистички
веб сајт „Интернет ворлд стат“, интернет во Македонија користат 1.180.704 граѓани, или
56,7 проценти од вкупната популација, а на социјалната мрежа „Фејсбук“
се приклучени 941.240 граѓани или 45,2 проценти.
Зад Македоците во користењето на интернет се
сите земји од опкружувањето. Во Србија интеренет користат 56,4 проценти од граѓаните, потоа следуваат Грците
со 53, Бугарите со 51, Црногорците со 50 и Албанците со 49 проценти.
Најмалку онлајн се граѓаните на Косово каде само 20,5 проценти од
населението е приклучено на интернет.
Повеќе интерес за интернет, пак, има кај граѓаните на
Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Во Словенија сурфа 72,1 процент од населението, во Хрватска со 70,7, а во Босна и
Херцеговина 60 проценти од населението.
Според податоците на Државниот завод за статистика на
Македонија од октомври, во првото тримесечје од
годинава 58,3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет што е
пораст од 3,3 проценти во споредба со истиот период 2011 година. Кај деловните субјекти 87,3 проценти имале пристап на
интернет, приближно една четвртина или 25,5 проценти им обезбедиле на
своите вработени преносливи уреди со кои се овозможува мобилна
конекција на интернет,а се поголем е и бројот на компании и граѓани кои тргуваат онлајн.
Истражувањето на „Интернет ворлд стат“ покажува дека
во светот има 2 милијарди 405 милиони и 518 илјади корисници на интернет
од кои 937 милиони 169 илјади се приклучени на социјалната мрежа
„Фејсбук“.