Македонија е на 140-то место од 151 земји во светот според индексот на среќата составен од британскиот тинк-тенк The New Economics Foundation, објави eReporter.

Македонија според ова рангирање е најнесреќна држава во Европа, а нешто посреќни од нас се само Бугарите , кои сенаоѓаат на 123-то место. Далеку посреќни се Албанците кои се наоѓаат на 18-тото место. Грците го заземаат 83-то место, додека пак Србите се 79-ти.

Според индексот на среќата (Happy Planet Index), што се објавува по трет пат, првите три места ги држат Костарика, Виетнам и Колумбија. При пресметувањето на индексот се зема предвид задоволството од животот, очекуваниот животен век на луѓето и потрошувачката на енергија.

Авторите на извештајот велат дека резултатите оваа година потврдуваат дека се уште не живееме на среќна планета, бидејќи ниту една земја не постигнала висока и трајна благосостојба, а само девет се блиску до овој идеал.

Осум од земјите во првите десет се од Латинска Америка и Карибите. На четврто место се наоѓа Белизе, следи Ел Салвадор, Јамајка, Панама, Никарагва, Венецуела и Гватемала. Највисоко рангирана западноевропските земји е Норвешка – на 29-то место, претркана од Нов Зеланд, која е на 28-мо место. САД се дури на 105-то место од 151 земји.

OhridNews