Охрид денеска беше преокупиран со Владата која на овие избори се натпреварува со нашиот канидат за градоначалник, Александар Петрески“, изјави вечерва во Охрид, потпретседателот на СДСМ, Јани Макрадули.

Тој обвини дека функционерите во Владата наместо да бидат сервис на граѓаните и да си ја вршат работата за која се платени, тие агитираат во Охрид.

„Овие избори не се ниту локални, ниту нормални. ВМРО-ДПМНЕ настапува со двајца кандидати, Никола Груевски и Кирил Трендафилов-Нанче“, рече Макрадули и додаде дека граѓаните на Охрид, на, како што рече, притисокот што им се врши, ќе вратат со бројка, излезност и со храброст.

Макрадули потврди дека нивното барање да не се користат фломастери во разни бои на денот на гласањето, било одобрено од страна на Државната изборна комисија.

„Гласачките ливчиња испишани со фломастери во бои и со знаци пред кандидатот, нема да бидат важечки, и тоа ми дава право да очекувам в недела да има порелаксирана атмосфера“, подвлече Макрадули.Потпретседателот на СДСМ вечерва остварува контакти со граѓаните од стариот дел на Охрид, како и со жителите од Свињишта и Лескоец.

A.Р.